еМагазин
Image default
Забава

Два концерти во чест на Тоше и Аки ќе се одржат во Центарот за култура Битола

Во Центарот за култура Битола ќе се одржат два концерт во чест на Тоше Проески и на Аки Рахимовски, на 18 и 19 февруари.

Каролина Гочева, Ламбе Алабаковски, Димитар Андоновски, Александра Јанева, Александар Тарабунов, Јана Бурчевска, Виктор Апостоловски, Нико Ѓоргиевски и Бојан Стојков ќе изведуваат нумери од овие двајца големи музичари.

На концертот ќе учествува и хорот на Државното музичко училиште од Битола, а диригент на Камерниот оркестар Битола – IW Connect ќе биде Владимир Димовски.

Цена на билетите ќе биде 350 денари, а продажбата започнува овој четврток. Билетарата работи од 15.00-20.00 часот.

„Капацитетот на салата заради здравствените протоколи е 400 седишта и за влез потребно е поседување на сертификат за вакцинација. Напоменуваме дека ќе нема можност за резервации, само по принцип на прв дојден и услужен на билетара,“ велат од Центар за култура Битола.

Фото: Хит рекордс

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Различни жанрови на филмови на програмата во Кинотека во септември

Редакција

(Фото) Пејачката Антониа Гиговска прослави роденден и објави дека ќе стане мајка

Редакција

Јануарска магија за најмладите во Кинотека на Македонија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница