еМагазин
Image default
Македонија

Два позитивни случаи на Ковид-19 во Крива Паланка изминатите два дена

Според денешната статистика за новозаразени од Ковид-19 во Крива Паланка е регистриран уште еден дијагностициран случај, втор во последното деноноќие откако и по вчерашните резултати на Институтот за јавно здравје беше регистриран нов позитивен случај од оваа општина.

Со ова, вкупната бројка на активни случаи во Крива Паланка изнесува десет, а од почетокот на пандемијата па досега се регистрирани 24 позитивни лица на Ковид-19.

Според информациите од ПЕ на ХЕС на Центар за јавно здравје – Крива Паланка, вчерашниот случај е лице кое работи во локална конфекција во Крива Паланка, додека денешниот случај е лице кое работи во Куманово, а живее во Крива Паланка.

Во извештајот на Институтот за јавно здравје е регистриран и еден случај на излечен пациент од Кратово, со што вкупниот број на активни случаи во оваа општина е седум, додека вкупниот број на регистрирани случаи од почеток на пандемијата изнесува 13.

МИА/Фото: МЗ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови 119 заболени од корона вирусот од 1.325 тестирања, најмногу во Скопје, Куманово и Штип

Убава вест: Оздравени 89 заболени од корона вирусот, најмногу во Скопје, Куманово и Штип

Починаа четворица пациенти од корона вирусот, тројца од Скопје и еден од Гостивар

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 182 пациенти кои боледуваа од Ковид-19

Редакција

Регистрирани 399 прекршоци за неносење маски

Редакција

Прилеп нема да оди во карантин, матичните лекари ќе помагаат во борбата против Ковид-19

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница