еМагазин
Image default
Балкан

Два силни земјотреси во Албанија почувствувани во Македонија и Црна Гора

Два земјотреса со магнитуди од 5.8 и 5.5 степени по Рихтер во период од десетина мунити се случија попладнево во близина на Драч, Албанија, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, а беа почувствувани и во нашата земја.

Првиот земјотрес е регистриран во 16:04 часот по локално време со магнитуда од 5.8 по Рихтер и епицентар во Јадранско Море на длабочина од десет километри, на шест километри од Драч и 34 километри од Тирана.

Вториот земјотрес бил во 16:15 со магнитуда од 5.5 по Рихтер со епицентар на длабочина од три километри и на седум километри од Драч.

Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ-Скопје соопшти дека првиот земјотрес, кој е на 190 км  југозападно од Скопје, е со Рихтерова магнитуда од 5.6 и беше почувствуван од населението во западните делови од државата со интензитет од IV до V степени, а во останатиот дел со интензитет од III до IV според Европската макросеизмичка скала.

Земјотресот е почувствуван и во Црна Гора.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Твитот на Рама дека убиениот Грк е „луд“ дополнително ја вжешти атмосферата во Грција

Редакција

(Видео) На Грција и се случува Србија, нови масовни протести за железничката несреќа кај Темпи

Редакција

(Видео) Хит на социјалните мрежи: Водителка молчеше за време на вести и упати моќна порака зошто да не ги осудувате жртвите на Алексиќ

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница