еМагазин
Техно

Два тима победници на Фин Хакатонот: Ќе развиваат апликација, видео и игра за буџетот

Два тима победија на Фин Хакатонот за креирање на веб-апликација, видео и мултимедијална игра за Граѓанскиот буџет, што викендов се одвиваше во Министерството за финансии. Тие ќе го делат наградниот фонд од 1,5 милиони денари, а и двата тима ќе имаат можност да го развијат својот производ и да отворат сопствена фирма преку кој понатаму ќе го пласираат.

Тимот составен од Стефан Митевски, Ивана Ѓорѓиевска Стојановски и Георги Михаилов имаа најдобра видео и мултимедијална игра. Најдобра веб апликација пак, понуди тимот составен од Елена Андреева, Теди Пејоски, Елена Јовчевска, Каја Стоилеска, Александар Трпески и Александар Бака Марковски.

– Двата тима ќе работат на развој на финални производи со Министерството за финансии и Фондот за иновации и технолошки развој, кои наскоро ќе им станат достапни на граѓаните, информираат од Министерството за финансии.

Фин Хакатонот е во организација на Министерството за финансии и Бирото за иновации и технолошки развој. Целта на предизвикот кој траеше 48 часа во Министерството за финансии е да се направат јавните финансии и Буџетот на Република Македонија подостапни за граѓаните преку идеи од самите граѓани.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

A1 за припејд сегментот во мобилната телефонија: 10GB за опуштено сурфање

Редакција

E-трговијата во Македонија продолжува да расте, 31.7% раст во првото полугодие, 110 нови отворени е-продавници

Редакција

KKCG најавува два главни бренда: Киншифт, технолошка компанија за развој на софтвер, и Арикома, провајдер на целосни ИКТ услуги

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница