еМагазин
Image default
Балкан

Дваесет илјади Македонци станале словенечки граѓани, а уште толку работат во Словенија

Во Словенија живеат 20 илјади граѓани на Македонија кои станаа словенечки граѓани. Има и околу 20 илјади кои работат во Словенија како македонски граѓани.

Словенија е прва локација за студенти од Македонија. Таму студираат речиси 800 студенти од Македонија и тоа е најголема бројка во поширокиот регион.

Само оваа година од битолската гимназија, 50 ученици отидоа да студираат во Словенија, медицина, општествени и технички науки.

Ова меѓу другото го изјави словенечкиот амбасадор Милан Јазбец, кој рече дека се одлични односите помеѓу двете земји и дека македонските граѓани таму се чувствуваат како дома.

„Ако младите се чувствуваат како дома, нема да ја заборават својата татковина и веројатно ќе се вратат назад. А ако одат на друг крај од светот, нема да се вратат, што е многу важно“, нагласи тој.

Притоа додаде дека таму работат неколку Македонци кои се светски стручњаци во својата област и можат да работат каде било во светот.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Во криминална пресметка во Атина убиени шест лица

Редакција

Построги мерки во Грција заради делта сојот на коронавирусот: Нема забави, само гости на маса во баровите

Редакција

Косовската Самоопределување ќе дејствува како политички субјект и во Македонија, најави Курти

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница