еМагазин
Image default
Локално

Две девојки повредени по превртување на возило на автопатот Тетово-Скопје

Девојки на возраст од 20 и 17 години од тетовско Копанце се повредени денеска околу 17.45 часот, при превртување на возилото со кое се превезувале на автопатот Тетово-Скопје информираат од СВР Тетово.

„На автоптатот во близина на Желино, атар на Сараќино, патничко возило опел корса со кое се превезувале две женски лица на 17 и 20 години од Копанце изгубило контрола по што се превртело на другата коловозна лента.

Со возило на итната помош поради телесните повреди двете се однесени во Тетовската клиничка болница. Таму се задржани за лекарска опсервација“, информираат од СВР Тетово.

Увидот е во тек со цел да се утврдат причините и околностите поради кои дошло до сообраќајната незгода.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кривична пријава за доктор од Битола: Предизвикал тешко нарушување на здравјето на пациент со лоша дијагноза

Редакција

(ВИДЕО) Нов снег во Скопје

Редакција

37-годишен маж од Валандово пронајден починат во зграда во изградба

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница