еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Две лица убиени во грабеж на казино во Скопје

Две лица се убиени рано изутрина во грабеж на казино на улицата „Јадранска магистрала“ во Скопје, информираат од МВР.

-На 15 февруари 2020 во 04:47 часот во СВР Скопје било пријавено дека во казино на ул.„Јадранска магистрала“ во Скопје влегле четири вооружени лица и почнале да пукаат кон присутните, при што го погодиле В.Х.(22) од Косово, кој починал на местото.

Додека, според пријавеното, Б.Н.(20) од с.Крушопек, скопско, ангажиран како приватно обезбедување во казиното, со кундак бил удрен во главата, по што и тој починал. Според пријавеното, потоа од касата го одзеле дневниот промет и заминале, соопшти МВР.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР ја пронајде 14-годишната Ринеса, по која се трагаше три дена

Редакција

Филипче: Ракавиците не се неопходни за носење ако внимателно се мијат рацете

Редакција

Запознајте го Адил Бакиу, кој со шегата за vaksajns.mk ги освои симпатиите на јавноста

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница