еМагазин
Македонија

Две наставнички и 15 деца во изолација: Рекордни 54 случаи позитивни на Ковид-19 во Тиквешко

Две наставнички и 15 деца од кавадаречко училиште се во изолација, откако седумгодишен ученик добил позитивен резултат на Ковид-19 тест.

Информацијата за МИА ја потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.

Тој додаде дека изминатото деноноќие регистрирани се рекордни 54 случаи позитивни на коронавирусот во Тиквешко.

„Од новозаболените, 40 лица се од Кавадарци, 13 од Неготино и едно од Демир Капија. Второодделенец е меѓу новите случаи, со себе во изолација стави и две наставнички, како и 15 деца. Извршена е дезинфекција во кавадаречкото училиште“, нагласи Јовановски.

Додаде дека се работи на утврдување на нивните контакти, со цел да се изолираат.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Детали од МВР за криминалната група нарко-дилери од која беше запленета дрога вредна 800.000 илјади евра

Редакција

Во грчкиот Парламент доставени три договори со Македонија: Ципрас очекува 158 „извини“ од пратениците на НД

Редакција

Убава вест: 95 оздравени пациенти од Ковид-19

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница