еМагазин
Image default
Локално

Две жени од Тиквешко пријавиле дека биле физички нападнати од сопрузите

Две жени од Тиквешко пријавиле дека биле физички нападнати од сопрузите, информираше попладнево Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Како што информираше Додевски, во Полициската канцеларија Демир Капија, вчера, 26-годишна жена пријавила дека околу 21.30 часот била физички нападната од нејзиниот сопруг на возраст од 27 години.

Во Полициската станица Неготино, истиот ден, 33-годишна жена од неготинско село, пријавила дека околу 05.30 часот била физички нападната од нејзиниот сопруг, кој има 47 години.

Дополнува дека во текот на вчерашниот ден, во Полициската станица Кавадарци, 32-годишен пријавил дека претходниот ден, околу 22.30 часот, во казино во градот, додека бил на работно место обезбедување, бил физички нападнат од едно лице.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Несекојдневен случај: Приведени двајца актери бидејќи прекинале проба во театарот во Гостивар

Редакција

Мигрант кој се качил на покрив на воз, загинал од струен удар

Редакција

Директорот на училиштето во чиј двор две деца сакале да силуваат соученик поднесе оставка

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница