еМагазин
Image default
Македонија

ДЗЛП за „ТВ21“: Неовластено снимање, па дури и како мобинг може да се окарактеризира снимката на Трипуновски

Во врска со снимката на дополнителниот заменик-министер за земјоделство, Цветан Трипуновски, кој упадна во подрачната единица на Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство (МЗШВ) во Берово и притоа ја објави на „Фесјбук“, од Дирекцијата за заштита на личните податоци (ДЗЛП) за „ТВ21“ велат дека тој можел да снима, доколку намерата му била да види дали се почитуваат работните оврски, но не смеел да ги покажува лицата на луѓето кои се вработени таму, а потоа видеото да го дистрибуира до медиумите и на неговата фејсбук-страница.

Од таму велат дека постапката може да се окарактеризира како неовластено снимање, па дури и како мобинг.

„Во Македонија постои закон за приватност на вработените во приватен или јавен сектор, а ова секако е спротивно на тој закон. Во дел од законот се вели дека дури и да има потреба за снимање или инсталирање на видео опрема во просториите на одредена компанија и институција, работодавецот мора за тоа да ги извести вработените“, велат од ДЗЛП.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трипуновски: Не сум вршел мобинг, бидете подготвени на многу вакви контроли

(Видео) Вознемирена реакција на вработените за снимањето на Трипуновски во подрачната единица на МЗШВ во Берово

ПОРТРЕТ: Кој е Цветан Трипуновски, новиот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство

Фото: Фејсбук/Трипуновски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа 22 лица од Ковид-19, вкупната бројка достигна 2.169

Редакција

Вкупно 955 лица до 19 години во Македонија се заразиле со корона вирусот

Редакција

Затекнати како подготвуваат храна од заклани коњи: Приведени и кривична за директорот и пет вработени во Зоолошката во Скопје

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница