еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

Ќе дојде ли рускиот министер Лавров во Скопје за Самитот на ОБСЕ, процедурата е почната

Интерес да биде дел од министерскиот Самитот на ОБСЕ во Скопје, покажа и рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

Но, поради санкциите за Русија од страна на ЕУ, на кои им се придружи и Македонија, неговото доаѓање во земјава е неизвесно поради забраната за прелет на руски авиони.

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во интервју за 360 степени вели дека процедурата за доаѓање на Лавров е започната.

-Во санкциите се вели дека за меѓународни организации како што е ОБСЕ е дозволен прелет, сепак одлуката е на земјите членки. Затоа нашите соседи ќе треба да одлучат, а и ние за нашиот воздушен простор, рече тој.

Османи во Скопје го очекува и шефот на американската дипломатија Ентони Блинкен, како и министрите за надворешни работи на Канада, Велика Британија и на други земји членки на НАТО и ЕУ, како и министри од централна Азија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И рускиот министер Лавров сака да дојде на Самитот на ОБСЕ во Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пожарот во македонскиот автобус е многу чуден, почнал многу брзо, вели бугарска министерка

Редакција

Нови 273 случаи на Ковид-19 од 2.799 тестови, 45 се реинфекциии

Редакција

Жена од Србија загина во сообраќајна несреќа кај Велес, двајца повредени

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница