еМагазин
Бизнис ТОП СТОРИИ

Ќе има ново поскапување на струјата: ЕСМ понуди за 17% повисока цена на тендерот на ЕВН Хоме

ЕВН Хоме како Универзален снабдувач на електрична енергија, на денешниот тендер за набавка на електрична енергија за задоволување на потребите на корисниците за периодот јули-декември 2022, доби само една понуда од АД ЕСМ.

„АД ЕСМ како најповолен и единствен понудувач на тендерот преку електронскa аукциja, му понуди на ЕВН Хоме купопродажна цена на електрична енергија од 48 евра за мегаватчас, за покривање на 100% од вкупно планираните количини.

Добиената купопродажна цена 48 еврa за мегаватчас за периодот јули-декември 2022 e за 17% повисока од претходната која беше добиена на последниот тендер на Универзалниот снабдувач (јануари-јуни 2022), кога АД ЕСМ понуди купопродажна цена на електрична енергија од 41 евро за мегаватчас за вкупните планирани потреби на ЕВН Хоме како Универзален снабдувач,“ информираат од ЕВН Хоум.

За цената на електричната енергија на ЕВН Хоме во наредниот период ќе одлучува Регулаторната комисија за енергетика, а таа ќе зависи од повеќе влезни параметри, како што се: цената по која АД ЕСМ ја продава електричната енергија на ЕВН Хоме, цената на Преносниот систем оператор МЕПСО, цената на Операторот на пазар на електрична енергија МЕМО, како и цената на Дистрибутивниот систем оператор Електродистрибуција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Во Клиника Жан Митрев повторно успешно примената наградуваната метода за хирургија без рез

Редакција

На 30. јули ќе започне судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

Редакција

Македонија ќе ја подржи Резолуцијата на САД за Украина во ОН, а не на ЕУ

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница