еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ќе прифатиме уставни промени по примерот на Хрватска, вели Мицкоски

Во овој парламентарен состав промена на Устав нема да има, дециден е одговорот на претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој одговараше на новинарско прашање во Штип, дали ВМРО ДПМНЕ е за бришење на 20 проценти на Албанците во Уставот, а кој е предлог на албанскиот политички блок.

Прашан за коментар за тезите на СДСМ и ДУИ дека уставните измени би можеле да се направат по примерот на Хрватска каде во Уставот има широко набројување на етничките заедници рече дека ако тоа е формулата за успех таква уставна измена ВМРО-ДПМНЕ веднаш ќе прифати.

„Еве јас сум подготвен, ако тоа е формулата за успех, уште утре да ја почнеме процедурата да биде Македонија држава на еден народ и на малцинствата во нејзе.

Еве ако сакаат уште утре да ја отвориме Преамбулата на македонскиот Устав и да го направиме тоа според хрватскиот терк, но само да не се каат, па да не речат некои други етнички заедници, а не било така како што ни кажуваат.

Ако сакаат според Преамбулата на хравтскиот Устав веднаш да, не знам дали ја прочитале, ја виделе или така на памет си кажуваат, но еве ние како ВМРО-ДПМНЕ веднаш прифаќаме. Таква уставна измена одма прифаќаме,“ вели Мицкоски.

МИА/Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владиниот Секретаријат за европски прашања вработува 11 лица, плата до 38.689 денари

Редакција

Втора шанса за одложено плаќање на кредитите бараат 30 отсто од граѓаните

Редакција

Државата ќе удри по џебот на граѓаните: За стан или викендичка која не ја користите три пати поскап данок, ако не пријавите дека ги имате ќе ви наплатат пет пати поскапо

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница