еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Ќе се намали ли цената на зелениот картон на возилата?

Работиме на намалувањето на цената на зелениот картон за осигурување на возилата при патување во странство, најави премиерот Зорам Заев.

Тој додаде дека за намалувањето на цената на зелениот картон на ниво на земјите во регионот се преговара со осигурителните компании, како и за се она што претставува трошок во зелениот картон.

– Сакаме да го намалиме зелениот картон, сакаме да ги поедноставиме патарините, што се плаќаат за патишта, сакаме да ја рационализираме и поедноставиме регистрацијата на возилата и со тоа да им заштедиме на граѓаните од трошоците, да им вратиме пари назад на граѓаните, изјави Заев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Стагфлација до крајот на годината и веројатност од рецесија кон почетокот на идната година, предвидуваат од „Фајнанс тинк“

Редакција

Компаниите кои организираат настани се жалат дека 11 месеци немаат работа, бизнисот е пред колапс

Редакција

Минималните трошоци на едно семејство во јуни 48.543 денари

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница