еМагазин
Image default
Македонија

Ќе се основаат културно-информативни центри во Белград и Скопје

На денешната 54-та седница на Владата, министрите го разгледаа и утврдија предлог-законот за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Македонија и Владата на Србија за основање културно-информативни центри во Белград и во Скопје.

Со документот се модулира правната рамка со која се уредуваат правата и обврските на двете држави во однос на работа на културните центри.

Како што соопштија од Владата, културните центри, согласно политиката на добрососедство придонесуваат за популаризација и презентирање на традицијата, културата и уметноста на Македонија.

-Ваквите центри овозможуваат навремено и изворно информирање на граѓаните за актуелните културни текови во двете држави односно претставува мост за зближување и заемно запознавање, се наведува во владиното соопштение.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СЈО влезе во Општина Аеродром, одземена документацијата на Ивица Коневски

Редакција

Судење за „Титаник“: Јанакиески бара гласачи за Општина Центар во администрација, фирми, такси-компании

Редакција

100.000 граѓани за 50 дена до изборите можат да извадат документи, смета Џафери

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница