еМагазин
Image default
Македонија

Ќе се сретне и со Борел: Ковачевски во работна посета на Белгија и ЕУ

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски денеска е во еднодневна работна посета на Кралството Белгија и ЕУ.

Во Брисел премиерот Ковачевски ќе оствари билатерална средба со премиерот на Кралството Белгија, Александар де Кро.

Како што соопшти владината прес-служба, работната посета на Ковачевски ќе продолжи со средба со потпретседателот на Европската комисија и висок претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Жозеф Борел, по што ќе следува и состанок со специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград – Приштина и други регионални прашања за Западен Балкан, Мирослав Лајчак.

Ковачевски еднодневната посета на Брисел ќе ја заврши со средба на лидерите од земјите од Западен Балкан.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По референдумот, Столтенберг повикува на конструктивност и одговорност од партиите

Редакција

Запленетиот кокаин во Крушопек, дел од 1,3 тони по потекло од Колумбија наменет за Копер, Словенија

Редакција

Фејсбук го „подбра“ Павле Богоевски: „Тие со маските немаше да влезат ако не им отвореше некој од внатре“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница