еМагазин
Image default
Македонија

Ќе се сретне со Столтенберг, Фон дер Лајен и Мишел: Ковачевски во прва посета на Брисел

Премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска и утре првпат откако е на функција ќе оствари посета на седиштата на ЕУ и НАТО во Брисел.

Ковачевски утрово ќе се сретне прво со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. На средбата ќе бидат присутни и шефот на македонската дипломатија Бујар Османи и министерката за одбрана, Славјанка Петровска.

Предвидена е заедничка прес-конференција на Ковачевски и Столтенберг околу 9.30 часот.

Попладне премиерот Ковачевски ќе има средба со претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел како и со претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола.

Средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, е предвидена в петок претпладне.

Димитар Ковачевски ќе има средби со и членови на Европскиот парламент и со поранешниот еврокомесар за проширување, Јоханес Хан.

Што се однесува до сегашниот еврокомесар за проширување Оливер Вархеји, тој се наоѓа на пат, информираа од Европската комисија.

Освен Османи и Петровска, премиерот Ковачевски во Брисел ќе го придружува и вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Наместо да се зближуваме денес за жал сме подалечни од кога било со нашите соседи, порача Мицкоски

Редакција

Ковачевски на „Отворен Балкан“: Западен Балкан мора да стане дел од Европската Унија

Редакција

162 се реинфекции: 1.269 нови случаи на Ковид-19 од 4.047 тестови

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница