еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Ќе се стави ли крај на измамите на туристите: Државата ја засилува контролата врз туристичките агенции

Дали со најавените измени на Законот за туристичка дејност, државата ќе стави крај на измамите на туристите од страна на туристичките агенции, за кои бевме сведоци во последниот период за туристички аранжмани во Кападокија и Истанбул.

Туристичките работници имаат рок од седум дена за да ја искоментираат драфт-верзијата на законот каде што меѓу другото е предвидено да се менува и начинот на лиценцирање на туристичките агенции, се со цел нашите граѓани да бидат посигурни.

„Предвидено е и осигурителна полиса за аранжмани и банкарска гаранција за да им излеземе на престрет на граѓаните кои купуваат аранжмани надвор од државата, но за нив побрзо и подобро може да се активира осигурителната полиса додека банкарска гаранција се бара само кога се дава лиценца.

Предвиден е соодветен модел на контрола на инспекциските служби во продажбата на аранжмани преку BOOKING, AIRBNB системите и другите форми на он лине продажбата на угостителски услуги, но ќе се изработи и систем на евиденција на државно и локално ниво на сите субјекти кои се занимаваат со угостителската дејност“, рече министерот за економија, Крешник Бектеши.

Туристичките агенции ги мамат граѓаните на тој начин што тие не ги уплаќаат средствата во хотелите за кои граѓаните платиле, или пак, не ја добиваат соодветната услуга за цената. Доколку не се потпишат договори, граѓаните не знаат за што плаќаат и дали тоа соодветствува со она што се договориле со агенцијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарската војска овде беше окупатор, вели Ѓоргиев, претседателот на македонскиот дел од Комисијата со Бугарија

Редакција

„Пуцко петрол“ го доби тендерот на струшката Општа болница за набавка на масло за горење вреден 110.000 евра

Редакција

Дали некој се уште прислушува: Дел од „бомбите“ на „Ел Чека“ се после формирањето на СЈО и ОТА?

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница