еМагазин
Image default
Бизнис

Ќе се воведува стручен испит за сметководителите

Министерство за финансии подготвува предлог на закон за вршење на сметководствени работи со кој меѓудругото се предвидува воведување стручен испит за сметководителите.

„Законот за вршење на сметководствени работи е донесен во 2012 година со цел уредување на условите за вршење на сметководствени услуги и формирање на Институт за сметководители и овластени сметководители.

Од досегашната примена на Законот се утврди потреба за доуредување на определени прашања поврзани со организацијата на Институтот, континуираното професионално усовршување, контролата на работењето, надзорот над работењето на Институтот, како и за воведување на стручен испит за влез во сметководствената професија.

Дополнително, мандатите на органи и комисии на Институтот се истечени или истекуваат, поради што има потреба и од уредување на начинот на избор на новиот состав на органите и комисиите на Институтот“, се вели во образложението објавено на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Намален бројот на издадени одобренија за градење

Редакција

Владата го менува законот за данок на додадена вредност

Редакција

„Мода“ од Свети Николе лани работела со загуба

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница