Имајќи предвид дека Владата ја усвои препораката на Комисијата за заразни болести и од утре школите, градинките и универзитетите нема да работат, министерот за здравство, Венко Филипче изјави дека еден од двајцата родителите на дете до 10-годишна возраст може да не оди на работа во следните 14 дена.
Препораката важи и за приватните компании.
Тој апелираше до државните инстититуции и приватните компании да ги ослободат од работа бремените жени и хронично болните лица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се забранува автобуски превоз кон Италија и Франција, заради превенција од ширење на корона вирусот
Се тестира 16-годишно девојче за корона вирус, засега нема нов случај