еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Еден полициски хеликоптер интензивно го гасне пожарот во Беровско, а ќе се вклучи и ер-тракторот на ДЗС

Еден полициски хеликоптер од утринава интензивно го гасне пожарот во беровскиот регион, вели за МИА, директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов. Хеликоптерот од воздух почнал со исфрлање на вода од 5 часот.

-Ер-тракторот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) ќе пристигне околу 10 часот. Во моментов на терен се и десет пожарникари на ТППЕ Берово и 30 припадници на Национални шуми од подружницата на Берово, изјави Ангелов.

Посочи дека пристигнуваат и пожарникарски екипи од Виница, Радовиш, Кочани, Струмица, Тетово.

Командирот на ТППЕ-Берово, Сашко Руменковски претходно за МИА информираше дека со помош на хеликоптерот спречено е ширење на огнот кон боровата шума и е направен обрач околу огнот. Првично беа зафатени околу 50 хектари високостеблеста шума, во непристапен планински предел.

Надлежните велат дека има индиции и овој пожар да е подметнат.

МИА/фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Германија замрзна имот на руски олигарси вреден околу 5,25 милијарди евра

Редакција

Состојбата со активни случаи на Ковид-19 по скопските општини непроменета

Редакција

Убава вест: Оздравени 474 болни од Ковид-19

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница