еМагазин
Локално

Еден загинат и десетмина повредени во сообраќајка кај Струмица

Едно лице загина, а десет се потешко и полесно повредени во тешката сообраќајна несреќа што се случи во 18:50 часот на магистралниот пат Струмица-Радовиш, пред крстосницата за селото Василево, објави Територијалната противпожарна единица на Струмица, која во извлекувањето на настраданите користела специјални хидраулични алатки.

Според очевидци во еден автомобил имало мигранти кои се превезувале со голема брзина. Бегајќи од полицијата најпрвин удрил во автомобил, во кој бил загинатиот, а педесетина метри потоа излетал од патот и се забил во ѕид.

Сообраќајот кон Струмица е во прекин и се насочува по стариот пат преку селото Добрејци.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Приведен сопственик на угостителски објект во Тетово поради непочитување на антиковид мерките

Редакција

Скопјанец пронајден починат во неговиот стан

Редакција

14-годишно момче загина, откако во него со автомобил удри 18-годишник

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница