еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

(Видео+фото) Еден загинат и еден исчезнат во поплавите во грчкиот град Волос

Едно лице го загуби животот, откако врз него паднал ѕид, а еден е исчезнат во поплавите во грчкиот град Волос, според портпаролот на противпожарната служба на Грција, Јанис Артопиос, јави дописничката на МИА од Атина.

Локалните медиуми од Волос објавија дека загинатиот е сточар на околу 70-годишна возраст, а животот го загубил откако бил поклопен од ѕид, што паднал поради лизгање на земјиштето, во моментите кога мажот се обидувал да стигне до делот во кој ги чува овците.

Станува збор за прва жртва во Грција од невремето „Даниел“ што од вчера ја зафати земјата, а засега, најпогоден е градот Волос.

Портпаролот на противпожарната служба на Грција, говорејќи за државната телевизија ЕРТ рече дека постојат информации за уште едно лице кое исчезнало со автомобилот и се трага по него.

Од силното невреме поплавена е и болницата во градот, а поради поплавите во Волос до жителите, преку бројот 112 за итни случаи беше испратена порака дека со одлука на полицијата забранет е сообраќајот во поширокиот дел на градот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео+фото) Невремето „Даниел“ предизвика проблеми и поплави во одредени делови на Грција

МИА/Фото/видео: Твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Окрупнувањето на десничарската проопозициска структура: ФРОДЕМ преминува во ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

Минатата недела 145 случаи на Ковид-19, едно лице починало

Редакција

Вклученоста на жените на пазарот на труд во регионот сѐ уште е ниска и изнесува 45%, истакна гувернерката Ангеловска-Бежоска

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница