еМагазин
Image default
Локално

Една жена почина, а три лица се болни од лишманиоза во Штип

Почина 65 годиншна пензионерка од Штип од тропската болест лишманиоза, потврдуваат од Центарот за јавно здравје-Штип.

Епидемиологот, Александра Србиновска вели дека состојбата со оваа болест е загрижувачка и тоа во 21 век. Во изминатите три месеци, посочува, дијагностицирани се и три нови случаи на лишманиоза, кај две деца и еден возрасен маж.

-Ова заболување не се лечи со антибиотици, значи еден случај треба да не алармира. Ние сега имаме заболен човек, кој што е 49 години и две деца, едното е шест, а второто една година. Ова заболување ако не се забележи навреме и не се лекува може да биде смртоносно и ги напаѓа сите органи. Имаме и еден смртен случај, вели Србиновска.

Таа додава дека резервоар на оваа болест се кучињата, а мушичките се тие кои од кучињата ја пренесуваат на луѓето.

Србиновска нагласува дека инкубацијата е над шест месеци, во зависност од имунитетот на заболеното лице, а сипмтомите се малксаност, болка, анемичност, зголемуавње на јетрата и слезинката.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кривична пријава за две лица и фирма за оддавање службена тајна

Редакција

Жена нападнала скопјанец на Кејот на Вардар

Редакција

Три лица се повредени, од кои едно потешко, во сообраќајна несреќа на патот Кавадарци-Росоман

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница