еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

Едни се вакцинираа, други протестираа: За два дена вакцинирани 990 деца

Министерство за здравство информираше дека изминатите два дена биле вакцинирани вкупно 990 деца со МРП вакцина. Во моментов, нема нови потврдени случаи на новозаболени лица од морбили (мали сипаници).

„Вакциналните пунктови во поликлиниките „Букурешт“, „Бит Пазар“ и „Јане Сандански“, викендов, на 5 и 6 јануари 2019 година, ќе работат во две смени, во периодот од 07:30 до 19:00 часот. Во понеделник, на 7 јануари 2019 година, овие пунктови ќе работат само прва смена од 07:30 до 13:00 часот“, се вели во соопштението.

Синоќа пак се одржа протест на десетици граѓани против „присилната вакцинација“ со МРП, бидејќи не веруваат во квалитетот на вакцините.

Од друга страна надлежните и педијатрите смируваат и уверуваат дека вакцините се квалитетни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се симптомите и како се пренесуваат мали сипаници

(ВИДЕО) Моделот Катарина Ивановска: „Јас сум вакцинирана. Го вакцинирав и моето дете“

Децата ќе можат да се вакцинираат и за викенд, вакциналните пунктови ќе работат

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 24 пациенти, а вкупно се лекуваaт 306

Редакција

Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во февруари 50.909 денари

Редакција

Чичко на 12-годишно дете со посебни потреби, го врзал момчето за гума и го закачил на дрво

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница