еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Едно лице почина откако со автомобил удрило во столб од наплатна станица “Романовце“

Едно лице почина откако со автомобил удрил во столб од наплатна станица „Романовце”, соопштија денеска и СВР Куманово и РЦУК Куманово.

– Денеска околу 03.27 часот во СВР Куманово било пријавено дека на наплатна станица „Романовце“ на автопат Скопје – Куманово, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки удрило во столб на наплатната станица, при што настанал пожар на возилото. Притоа, на местото починал возачот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, соопштија од полицијата.

Пожарот го изгасила екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово и од вработени во наплатната станица.

И РЦУК Куманово пренесе информација дека кумановската противпожарна единица интервенирала со едно возило и четворица пожарникари. Од Итна помош Куманово посочија дека интервенирале, но возачот починал.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција, а увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скопјанец со „Пунто“ удри во 11-годишно дете на велосипед

Редакција

(Фото) Заврши „Макфест“, македонската забавна музика е збогатена со нови 26 песни

Редакција

Банките со препораки за заштита на податоците, при користење на платежни картички на Интернет

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница