еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Едно лице загина, а седуммина се повредени во несреќа на патот Гостивар-Кичево

Едно лице го загубило животот, а уште неколку се повредени во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Гостивар-Кичево.

Според информациите на СВР Тетово, сообраќајната несреќа се случила денеска околу 15 часот и 30 минути.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зоран Милески – Кичеец бил пуштен од затвор поради “неодложни лекарски прегледи“

Зоран Милески – Кичеец меѓу повредените во сообраќајката на патот Гостивар-Кичево

Во СВР Тетово е пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на Новоселските гробишта, се случила сообраќајна несреќа. Во неа учествувале три моторни возила: џип „мерцедес”, патничко возило „бмв” и камионет.

Од повредите здобиени при сударот едно лице од камионетот починало на местото на несреќата, а седум лица се пренесени во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад” за укажување на лекарска помош.

Засега нема информации како дошло до несреќата и што ја предизвикало.

Снимка од местото на несреќата објави телевизијата ТВ Globi:

МИА/Видео: ТВ Globi

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За Србија и Косово нема европска иднина без имплементација на договорот

Редакција

„Атиџе е нашиот Оскар“: Твитер реакции за „Медена земја“ и Оскарите

Редакција

Детали од МВР за приведувањето на заканувачот на обвинителите Јовески и Русковска

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница