еМагазин
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Европска комисија препорачува патувањата во ЕУ да бидат дозволени за вакцинираните

Европската комисија денеска издаде препорака на странските државјани кои се целосно имунизирани со вакцини одобрени во ЕУ и оние од земји со поволна епидемиолошка состојба да им биде дозволено да патуваат во земјите на ЕУ без посебни ограничувања.

„Покрај тоа, Комисијата предлага да се подигне прагот за влез на земји на списокот на оние од кои секое патување може да биде дозволен“, се вели во соопштението на Европската комисија.

Според сегашните регулативи на ЕУ, во една од 27-те земји-членки можат да патуваат само граѓаните од седум земји, но денешниот предлог сигурно ќе го прошири тој список.

За да се ограничи ризикот од ширење на нови мутации на коронавирусот, Европската комисија понуди и нов механизам „итна сопирачка“, со кој ќе се овозможи итна примена на ограничувања за патувања за сите земји каде епидемиолошката состојба нагло ќе се влоши.

„Ова ќе им овозможи на земјите-членки да дејствуваат брзо и привремено да ги ограничат на строг минимум сите патувања од погодените земји за времето потребно за воспоставување соодветни санитарни мерки“, се вели во соопштението.

Земјите-членки на ЕУ би требало утре да почнат расправа за овој предлог и потребно е да се постигне целосна согласност за предлогот да биде усвоен и да стане важечки пропис.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Димковски, Исмаили, Милевски, Дураки и Нуредини избрани за нови министри

Редакција

Нови 687 случаи на Ковид-19 од 3.050 тестирања

Редакција

Нови 113 заболени од корона вирусот од 1.543 тестирања, најмногу во Скопје и во Штип

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница