еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Екипите на ЕВН почнаа со работа во Слупчане, жителите на селото ќе плаќаат колку што ќе потрошат

Екипите на електродистрибуција почнаа со работа во липковското село Слупчане. Во дел од селото веќе се заменети орманите. Договорено е корисниците на социјална парична помош да ги плаќаат заостанатите сметки на рати, кажаа претставниците од општината.

Во однос на договорот со жителите од Слупчане од ЕВН велат дека законите кои важат за сите корисници ќе продолжат да важат и понатаму.

Претседателот на Советот на општина Липково, Зекрија Шаини вели дека активностите на терен течат согласно договорот.

– Состојбата беше бурна и луѓето од селото сакаа да знаат што ЕВН ќе работи. Тие се приватна компанија и сакавме да знаеме што конкретно ќе работат како и за сите приватни компании.

Половина од селото користат социјална помош и имавме барање долговите да се плаќаат на рати, што важи за сите граѓани во Македонија. ЕВН ќе треба да постави бандери до планот до каде што е селото, изјави Шаини.

Во однос на барањето да се плаќа по 3.000 без разлика на потрошувачката, тој кажа дека во тоа препукување преку медиумите со некои луѓе од ЕВН, дел од барањата на слупчанци биле нелогични.

– Барањето не е логично, ќе се плаќа колку се троши и не сакаме да бидеме црна точка како што не претставуваа. Оние кои се социјални случаи ќе плаќаат на рати. Останатите плаќаат како и сите во државата, ќе користат поволности што важат за сите, вели Шаини, додавајќи дека во Слупчане има над 60 проценти жители кои плаќаат сметки.

Мрежата во Слупчане не е реконструирана повеќе од 20 години од конфликтот 2001 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Слупчане го отвори првото поглавје од преговорите со ЕВН“: Твитер реакции

МИА/Фото: ЕВН

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Синоличка Трпкова: Како да бидам пријател со некој што ми вели дека не постојам, Бугаријо и Европо низаедни

Редакција

Беким Незири не упадна во Контрола на летање и нема никаква врска со инцидентот, тврди неговиот адвокат Миланов

Редакција

Дирекцијата за заштита и спасување склучи договор со Винер Виена Иншуренс Груп вреден 486,9 илјади евра

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница