еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Еко Маскенбал во Рамстор мол: Пристигнува најзабавниот Еко Маскенбал во градот

Пристигнува најзабавниот ЕКО Маскенбал во градот!

На огромно задоволство на сите дечиња, Рамстор Мол во соработка со Шпаркасе Банка и Пакомак, традиционално и оваа година го организираат најзабавниот Еко Маскенбал!

ЕКО Маскенбалот оваа година ќе се одржи на 1 април во 17 часот во просториите на Рамстор Мол каде сите заедно ќе се забавуваме!

Сите дечиња кои се заинтересирани ќе можат да земат учество во ЕKO Маскенбалот со изработка на ЕКО маска, која треба да биде едукативна, креативнa и воедно да биде изработена од материјали коишто може да се рециклираат, односно да биде изработена од пластика, најлон, хартија и слично.

Сите заинтересирани може да го пријават своето учество на инфо пултот на маркетот во Рамстор Мол најдоцна до 31.03.2023, или најдоцна половина час пред почетокот на настанот на 1 април на самото место на одржување на настанот.

Трите најкреативни маски ќе добијат награди – штедни влогови од Шпаркасе Банка. За прво место ќе добијат штеден влог од 7.000 денари, за второ место – штеден влог од 5.000 денари и за трето место – штеден влог од 3.000 денари.

Разбудете ја креативноста на вашите најмили, подигнете ја еколошката свест, забавувајте се при изработката на маските, бидете наградени за вашата креативност и иновативност и дојдете на незаборавно дружење на 1 април во Рамстор Мол!

ПР-објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Антонио Крстаноски доби награда за најдобар истражувачки труд-управување со ризици во осигурувањето

Редакција

НЛБ Банка воведе нов Бизнис долгорочен денарски кредит за правни лица

Редакција

(Фото) Нина која продаваше крофни за да собере пари за лечење на татко ѝ, ја доби сликата од македонскиот дизајнер Кардула

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница