еМагазин
Image default
ЧИСТА ОКОЛИНА

Еко-свест: Скопје не е загаден само во зима, туку и во лето, а секој има право на чист воздух

Скопје со години е меѓу најзагадените градови во Македонија, а и на Балканот, а секој има право на ист и чист воздух. Оваа година аерозагадувањето повторно покажува критични бројки, особено во главниот град, посочуваат од невладината организација Еко-Свест, кои 18 години апелираат за подобрување на односот кон животната средина како од државата, така и од граѓаните.

– Потребно е ние граѓаните да се бориме аргументирано со цел институциите да заземат поголем интерес во решавање на овој голем проблем. Тоа значи дека од институциите се бара стратегија за праведна енергетска транзиција, зелени алтернативи за транспорт, како и праведни законски регулативи за ефикасно загревање на домаќинствата, истакнуваат од Еко-Свест.

Согласно направената инвентаризација на суспендирани честички во 2016 та година од страна на Министерството за животна средина се заклучува дека трите главни извори на емисии на прашина се загревањето на домаќинствата и административните објекти – 43,66%, индустрија (производство) со 21,65% и производство и дистрибуција на енергија со 14,32%.

Што возиме, на какво гориво се возиме, каков превоз користиме, на што се грееме, што правиме со штетниот отпад, дали користиме обновливи извори на енергија, каква индустрија не опкружува, дали учествуваме во носење на одлуки важни за заедницата во која живееме, се главните прашања кои Еко-свест порачува да си ги постават граѓаните, но и надлежните институции за намалување на загаденоста на воздухот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) На кој број во Општина Карпош може да пријавите непријатна миризба

Редакција

Опожарена трска на крајбрежјето во Струга

Редакција

Намалено загадувањето на воздухот во Скопје и Струмица

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница