еМагазин
Image default
Македонија

Ексминистерот Наќе Чулев позитивен на Ковид-19

Поранешниот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев е позитивен на Ковид-19, соопшти тој на Фејсбук.

„Во текот на изминатите денови направив тест за кој денес добив позитивен резултат за Ковид-19. За жал и покрај сериозната претпазливост не успеав до крај да се одбранам од вирусот кој многу често знае да биде непредвидлив и чуден.

Во овој момент се чувствувам добро, немам посериозни здравствени проблеми и се лекувам во домашни услови.

Апелирам до сите вас да водите грижа за своето здравје и да се придржувате до препораките за заштита на здравјето.

Уверен сум дека и овој предизвик ќе го победиме со внимание, грижа и позитивна мисла. Чувајте се и бидете во добро здравје!“, напиша Чулев.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вонреден инспекциски надзор во објект во Струга за кој има сомнение за нелегална гинеколошка ординација

Редакција

Дебар, Скопје и Куманово во 4 фаза, какви се проценките на ризикот за ширење на коронавирусот

Редакција

Продолжува судењето за случајот „Титаник“ на СЈО

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница