еМагазин
Image default
Локално

Експлозија во центарот на Гевгелија, едно лице го загуби животот

Едно лице го загуби животот по експлозија која се случи попладнево околу 16 часот во продавницата на „Заре Комерц“ во центарот на Гевгелија. Неофицијално експлозијата е од плинска боца, а повредени биле уште три лица.

Противпожарната единица од Гевгелија и три екипирани возила на брза помош веднаш по дојавата интервенирале на терен.

Според пожарникарите експлодирала плинска боца во продавницата, а од гевгелиската Општа болница информираа дека сите повредени биле веднаш префрлени на хирушкото одделение и потврдија дека еден има средно тешки изгореници од прв и втор степен, а двајца се полесно повредени.

По санирање на повредите, од болницата велат дека пациентот со изгореници најверојатно со амбулантно возило ќе биде префрлено на лекување во клиничкиот центар во Скопје.

Истрагата за причините за тоа како дошло до експлозија ќе бидат познати по завршувањето на увидот кој е во тек.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

44-годишен скопјанец украл 10.000 евра од менувачница, бил осудуван и за други дела

Редакција

Тешко повреден тетовчанец по пад од мост

Редакција

Несекојдневен случај во Тетово: Автоматска пушка пронајдена во контејнер

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница