еМагазин
Image default
Македонија

Ел Чека продолжува да си пука „бомби“: Најновата е за братот на Али Ахмети и за Муса Џафери

Ел Чека иако го гони Јавното обвинителство не седи мирен. Продолжува со објавување на нови „бомби“.

Во најновата аудио „бомба“, наводно се слушаат гласовите на Фекри Ахмети, братот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети и Муса Џафери, поранешен функционер на ДУИ.

Тие, според објавениот телефонски разговор наводно зборуваат за тендер кој се однесува на ТЕЦ Осломеј, а во неа наводно се споменува и градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари, како и поранешниот премиер кој стана азилант во Унгарија, Никола Груевски.

Ел Чека неодамна објави и нова “бомба“ за Мартин Нешковски.

Премиерот Зоран Заев по објавувањето на оваа „бомба“, која е неколку минути подолга, од таа која за истиот случај ја објави тој пред неколку години, во интервју најави дека ќе побара од американските власти да го уапсат Ел Чека, кој пушта „бомби“ од САД.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ел Чека до премиерот Заев: Кога ќе му се јавиш на Трамп осигурај се дека ќе биде тој!

По заканите на Ел Чека „дека е можно да се случи ново Куманово на сред Скопје“, Спасовски вели дека нема индиции за нарушување на мирот

Фото: Ел Чека/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Рекорден број на 15 починати пациенти од корона вирусот во едно деноноќие, вкупно до сега 321

Редакција

Обвинителство изврши претрес во просториите на Правниот факултет за истрагата поврзана со софтверот на Рашковски

Редакција

Радев: Провокација и варварски чин е палењето на Културниот центар „Иван Михајлов“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница