еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Eлектричните возила e-go ќе се произведуваат во Тетово, велат од Владата

Во Македонија ќе се произведуваат електрични возила e-go, откако Владата на денешната 68-ма седница обезбеди услови за мултимилионска инвестиција од „Некст е. го мобиле“, Ахен, Германија со која во ТИРЗ Тетово ќе се отворат 3-4.000 нови работни места.

Влада, како што информираат од владината прес-служба, на денешата 68-ма седница ја усвои информацијата и донесе одлука за давање согласност на Договорот за доделување на државна помош склучен помеѓу Владата, застапувана и претставувана од Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони и „Некст е. го мобиле“.

– Ова е за првпат во автомобилската индустрија кај нас да се продуцира целосен автомобил и се разбира за првпат ќе се произведуваат електрични автомобили, се вели во соопштението од владината прес-служба.

Придобивките, се вели во соопштението, од оваа инвестиција се многукратни – од отворање на нови работни места, извоз на производи со голема додадена вредност, пренос на знаење и технологии, мапирање на земјава кај странските инвеститори во оваа фела, до договори и дополнителна работа за локални компании.

Фото: e-go-mobile.com

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во септември годишен раст од 8,8 на депозитите и од 7,5% на кредитите

Редакција

300 евра казна и тригодишна забрана за влез за Бугарите кои на Деве Баир се обидоа физички да нападнат полицајци

Редакција

Костадиновски: Вложувајте во акции, не во ѕидови

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница