еМагазин
Image default
Бизнис

Заменик-министерката за финансии, Елези: Ребалансот на Буџетот најдоцна до почетокот на октомври

Заменик-министерката за финансии Ширет Елези очекува ребалансот на Буџетот да биде готов најдоцна до крајот на септември или почетокот на октомври. Во изјава за медиумите, заменик-министерката Елези рече дека во тек е фазата на преоценување на сите стапки од приходната и расходната страна на Буџетот.

„Ребалансот на Буџетот е редовна пракса што се случува во текот на фискалната година. Се прави преоценување на сите стапки во расходната и приходната страна. Веќе сме во фаза на анализа во овој дел. Ребалансот на Буџетот ќе се лансира најдоцна во последната недела од септември или почетокот на октомври“, истакна Елези.

МИА/Фото:Министерство за финансии

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерството за информатичко општество и администрација вработува 35 лица, плата до 32.867 денари

Редакција

Очекуваме забавување на растот на нашата економија како последица на војната во Украина, изјави Ангеловска Бежоска за ХТВ

Редакција

Просечната камата на кредитите намалена за 0,03 отсто

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница