еМагазин
Балкан ТОП СТОРИИ

Ердоган е против Шведска и Финска да влезат во НАТО, според турскиот претседател грешка е и приемот на Грција

Турскиот претседателот Реџеп Таип Ердоган изјави дека Турција е против Шведска и Финска да станат нови членки на НАТО, посочувајќи дека двете земји се „дом на многу терористички организации“.

„Внимателно ги следиме случувањата во врска со Шведска и Финска, но не сме во позитивен начин на размислување“, изјави Ердоган,

Тој смета и дека претходните влади во Турција донеле „погрешна“ одлука при прифаќањето на членството на Грција во НАТО.

„И го знаете ставот на Грција против Турција, а зад неа стои НАТО. Како Турција, не сакаме да ја направиме втората грешка во овој поглед“, рече тој.

Според него скандинавските земји, “за жал, се речиси како куќи за гости за терористички организации“.

“ПКК, ДХКП-Ц се вгнездени во Холандија и Шведска. Дури одат и понатаму, земаат учество и во парламентите таму. Не е можно да имаме позитивен поглед“, изјави Ердоган.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хрватскиот претседател Милановиќ најави вето за влезот на Финска во НАТО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прв календар со сексапилни пожарникари од Скопје: Нека гори, има кој да гаси

Редакција

Македонија2025 со силен придонес за економскиот развој фокусиран на младите

Редакција

Ѓорѓи Доновски избран за претседател на Одборот на директори на Раде Кончар – Апаратна техника, а Татјана Лазаревски за извршна директорка

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница