еМагазин
Балкан ТОП СТОРИИ

Турција ќе ја пушти Шведска во НАТО ако САД овозможи продажба на авиони Ф-16 на Анкара, вели Ердоган

Турскиот Парламент ќе го исполни ветувањето и ќе ја ратификува кандидатурата на Шведска за членство во НАТО доколку администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден овозможи продажба на американски авиони Ф-16 на Анкара, соопшти турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, пренесуваат турските медиуми.

Говорејќи пред новинарите на враќање од азербејџанската енклава Нахичиван, Ердоган рече дека министерот за надворешни работи Хакан Фидан и американскиот државен секретар Ентони Блинкен разговарале за кандидатурата на Шведска за членство во НАТО минатата недела во Њујорк.

Ердоган изјави дека американската администрација ја поврзува продажбата на борбени авиони Ф-16 на Турција со ратификацијата на шведската кандидатура од страна на Анкара.

„Ако тие (САД) ги одржат своите ветувања, нашиот Парламент ќе го одржи ветувањето. Турскиот Парламент ќе го има последниот збор за членството на Шведска во НАТО“, нагласи турскиот претседател.

Тој најави и дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху би можел да ја посети Турција во октомври или ноември, додавајќи дека после тоа ќе ја возврати посетата, јавуваат турските медиуми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Не ни треба сојузник кој така размислува за нас“, Унгарија најави можно одложување на ратификацијата на влезот на Шведска во НАТО

МИА/Фото: Фејсбук/Ердоган

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 737 лица кои боледувале од Ковид-19

Редакција

(ВИДЕО) Во „затворениот“ Мош нов настап на Георгиев, ниту присуството на полицијата не ја прекина забавата

Редакција

(Аудио) Објавени две нови „бомби“: Како се извлекувале милиони од Македонија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница