еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

ЕСМ испрати хуманитарна помош за Дебар  

АД ЕСМ во соработка со Синдикалната организација на компанијата и Синдикатот на РЕК Битола испрати хуманитарна помош за Дебар.

Подготвени се 1.000 пакети со неопходни прехранбени производи и производи за лична хигиена.

Во секој од пакетите има по 25 килограми брашно, шест шишиња зејтин, 6 килограми шеќер, шест пакетчиња макарони, 20 ролни тоалетна хартија, по две заштитни маски и средства за дезинфенција на раце. Вкупната вредност на хуманитарниот конвој изнесува околу 3 милиони денари.

„Во овие кризни времиња, кои не потсетија колку е скапоцен животот и здравјето на секој од нас, АД ЕСМ се надева дека хуманитарната пратка ќе ги ублажи последиците од кризната состојба во Дебар и Центар Жупа. Во Дебар е седиштето на нашата хидроцентрала Шпилје и чувствуваме и морална одговорност да помогнеме.

Општествената одговорност на АД ЕСМ многу пати досега била потврдена, а со овој гест ги охрабруваме и останатите компании, државни и приватни, секој во рамките на своите можности, да помогнат онаму каде што сметаат дека има потреба,” изјави генералниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски, при испраќањето на хуманитарната помош, која тргна од Битола.

Помошта во Дебар ќе ја преземе градоначалникот Хекуран Дука, кој раководи со оперативниот кризен штаб за градот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

УСЈЕ донира 50.000 евра за набавка на медицинска опрема

Пекара „Диман“ со бесплатни појадоци за вработените на Инфективната клиника

Убав гест од „Номад“: Бесплатно кафе и сокови за персоналот од Државната болница

БРАВО: И “Текстил М“ од Македонска Каменица почна да произведува заштини маски, кои ќе ги донира

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Претседателот Пендаровски и министрите Царовска и Бектеши за Денот на рударите во Рудникот САСА

Редакција

Summer Vibes во Рамстор Мол

Редакција

Македонските филмови ги препознаваат во светот: „Крајот на времето“ на Манчевски ја доби наградата Curator’s Choice

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница