еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

ЕСМ Продажба објави повик за снабдување со гас за март

ЕСМ Продажба спроведува постапка преку јавен повик за прибирање понуди од домашни и странски лиценцирани фирми регистрирани за дејноста кои имаат можност да обезбедат и да испорачаат потребна количина на природен гас за месец март 2023 година за производство на топлинска енергија за топланите Исток, Запад, Енергетика и Скопје Север, како и за останати потрошувачи на природен гас, кои снабдувањето ќе го вршат преку ЕСМ Продажба, информираат од компанијата.

Јавниот повик трае од 21.2.2023 до 24.2.2023 година и понудувачите на истиот треба да достават податоци за нивната понуда во однос на техничките карактеристики на гасот, земја на потекло, гаранција, фиксна цена за MWh, вкупна количина која се нуди и изјава од одговорното лице на понудувачот дека може да ги обезбеди наведените количини во периодот за кој се дава понудата, односно за месец март на точка на испорака главна мерна станица (ГМС) Жидилово.

Јавниот повик е објавен на веб страницата на ЕСМ АД, esm.com.mk.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пошта доби нов директор и Управен одбор

Редакција

Почина родилката од Куманово заболена со коронавирусот, имаше само 27 години

Редакција

Сите детали: Награден фонд од 500.000 евра за МојДДВ#МојаНаграда

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница