еМагазин
Image default
Балкан

ЕУ ќе обезбеди техничка поддршка за модернизација на железничката инфраструктура во Грција

Дополнителна техничка поддршка од ЕУ за грчката железница и посета на Грција на европски експерти по железничката несреќа со 57 жртви, најави претседателката на Европската Комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен по разговорот што утрово го имала со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.

Фон дер Лајен, на Твитер напиша дека со Мицотакис дискутирале за „дополнителната техничка поддршка што ЕУ може да ѝ ја обезбеди на Грција за да ги модернизира нејзините железници и да ја подобри нивната безбедност“.

Додаде дека експерти од ЕК и европската агенција за железници, оваа недела ќе бидат во Атина.

– Безбедноста на железницата е најважна, напиша фон дер Лајен.

Мицотакис, исто така преку Твитер, ѝ се заблагодари на претседателката на ЕК за, како што напиша, брзиот одговор на грчкото барање истакна дека се решени да ги мобилизираат сите расположливи ресурси и драго им е што можат да сметаат „на помошта на нашите европски партнери“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На обвинетиот за железничката несреќа му се заканува доживотен затвор, 20 минути бил одговорен за за безбедноста на цела централна Грција

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) ЕКСКЛУЗИВНО Цел Солун на улица: еМагазин на историски најмасовниот протест, во чест на жртвите од железничката несреќа кај Темпи

Редакција

(Видео) Драма во Хрватска: Авион слета на автопатот Загреб-Ријека

Редакција

(ВИДЕО) Хит за Водици во Грција: Поп со света вода попрска и полициски возила

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница