еМагазин
Свет

ЕУ и Јапонија со проектот „Азиска поврзаност“ контра новиот Пат на свилата на Кина

Европската унија и Јапонија потпишаа инфраструктурен договор за поврзување на Европа и Азија со што ќе ја заобиколат амбициозната стратегија на Кина наречена „Појас и пат“.

Јапонскиот премиер Шинѕо Абе и шефот на Европската комисија Жан Клод Јункер потпишаа договор со кој се координира инфраструктурата, транспортот и дигиталните проекти што ги поврзуваат Европа и Азија, објави „Јапонија тајмс“.

Договорот е дел од стратегијата на ЕУ наречена „Азиска поврзаност“, која започна минатата година, во услови на зголемена меѓународна загриженост во врска со огромниот „нов свилен пат“ на Пекинг, кој гради железници, патишта и пристаништа ширум светот, користејќи милијарди долари кинески заеми.

„Врската мора да биде финансиски одржлива.  На следните генерации треба да им оставиме поврзан свет, почиста околина без огромни долгови. Станува збор и за создавање меѓусебна поврзаност меѓу сите земји во светот без да станете зависни од само една земја“, рече Јункер во говорот пред церемонијата на потпишување.

Кина вели дека нејзината трговија со државите од „Појас и пат“ надминала 5 милијарди американски долари, при што странските директни инвестиции надминуваат 60 милијарди американски долари.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Путин за отстранувањето на руските уметници од културните програми во западните земји: И нацистите вака палеа книги

Редакција

Шведска „контра“ сите европски земји: Нема карантин и затворање на училиштата поради корона вирусот

Редакција

Французите Бернар Арно и Франсоаз Бетанкур Маерс се најбогат маж и најбогата жена во светот, објави „Форбс“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница