еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

ЕУ не признава бојкот: Хан побара политичките лидери да ја почитуваат одлуката на мнозинството

Еврокомесарот Јоханес Хан преку социјалната мрежа Твитер им честита на македонските граѓани за гласањето на референдумот. Според него, референдумот е успешен, бидејќи мнозинството што излегле гласале за договорот.

„Им честитам на оние граѓани што гласаа на денешниот консултативен референдум и ги остварија своите демократски права. Со мошне значајните гласови „да“, постои широка поддршка за Преспанскиот договор и за евроатлантскиот пат на земјата.

Сега очекувам сите политички лидери да ја почитуваат оваа одлука и да ја спроведат со најголема одговорност и единство меѓу партиите, во интерес на земјата“, напиша Хан.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Драгољуб Арсовски купил акции во ТТК Банка

Редакција

Ќе се договорат ли СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за промена на изборниот модел, за да „ќар“ имаат и другите партии

Редакција

Корона вирусот наголемо се шири низ Дебар

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница