еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

ЕУ одобри нови санкции против Русија и Белорусија

Комитетот на постојани претставници на ЕУ (КОРЕПЕР) одобри дополнителни санкции за официјални лица и агенции во Русија и Белорусија поради војната против Украина.

„Украина. КОРЕПЕР одобри нови санкции за руските лидери и олигарси и членовите на нивните семејства во врска со руската агресија врз Украина. КОРЕПЕР II, исто така, одобри санкции кои ги комплетираат и ги надополнуваат нашите мерки кои веќе се преземени.

Особено, овие мерките се насочени кон отстранување на три белоруски банки од системот Свифт. Тие, исто така, ги разјаснуваат прашањата за криптовалутите и ја комплетираат листата, а технологии и стоки што не се предмет на извоз. Санкции се одобрени и против поморскиот сектор, соопшти француското претседателство со Советот на Европската унија.

Како што е наведено, овие санкции ќе бидат формално одобрени од Советот на ЕУ во писмена форма, а потоа ќе бидат објавени во Службениот весник на ЕУ.

– Дополнително ја заоструваме мрежата на санкции како одговор на руската воена агресија против Украина. Списокот е дополнет со 160 лица, олигарси, членови на Советот на Руската Федерација; белоруски банкарски сектор; извоз на технологија за поморска навигација во Русија, крипто-валути, го коментираше претходно претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, новиот пакет санкции против Русија поради инвазијата на Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Концерт на Плоштадот на независноста во опколениот Киев

(Вознемирувачко видео) Три деца меѓу 22. убиени цивили во украинскиот град Суми

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сите детали: Какви се новите правила за работа на теретаните и фитнес-клубовите

Редакција

Приватниците во Скопје ќе возат според возниот ред, долгот ќе им се исплаќа согласно договореното, велат од ЈСП

Редакција

Во јануари раст од 11% на депозитите и од 11,3% на кредитите

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница