еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Еурактив открива детали што содржи Акцискиот план што Бучковски го доби од Захариева

Бугарија се обидува да ја смени тактиката кон Скопје, откако земјата во декември го блокираше патот на Северна Македонија кон Европската унија, а вчера бугарската министерка за надворешни работи му го презентираше на специјалниот пратеник на земјава за Бугарија, Владо Бучковски, Акцискиот план за соработка во имплементација на Договорот за добрососедство, пишува бриселски „Еурактив“.

Бугарскиот документ, кој се однесува на сите секторски министерства, ќе биде разгледан од властите во Северна Македонија.

Како што изјави Бучковски за МИА во периодот што следува нашата работна група ќе ги разгледа коментарите, кои пристигнаа од Бугарија на нашиот предлот Акциски план и ќе биде изградена јасна позиција,

Од бугарска страна, додава „Еурактив“, ќе бидат разгледани предлозите во нашиот Акциски план, а потоа двете влади треба да дадат одобрување и тоа би се случило на претстојниот состанок на Заедничката меѓувладина комисија.

Дипломатски извори за „Еурактив“ велат дека Софија има предлози поврзани со железниците и инвестиции на бугарски компании во Северна Македонија. Во планот, според истите извори, има и предлози за отворање филијали на бугарски универзитети во Северна Македонија, а опфатени се и учебниците по историја.

МИА/Фото: Фејсбук/Захариева

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Промовиран сајт на кој анонимно може да се пријави кршењето на правата на текстилните работници

Редакција

И Горан Антевски, член на НО на Комерцијална купи 100 акции на Банката

Редакција

Бебето кое почина од туберколоза живеело во добри услови, народниот правобранител отвори предмет

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница