еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

„Еуролинк осигурување“ како дел од алумни-заедницата на Правниот факултет „Јустинијан први“ во Скопје

Во вторникот во просториите на правниот факултет„Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје првпат се одржа донаторска забава на алумни-заедницата и заедницата на пријатели на Факултетот.

Донаторската забава беше наменета за собирање средства за модернизирање на студентските простории: читалницата, амфитеатрите, предавалните, сè во интерес на унапредување на условите за работа на сегашните и идните генерации студенти.

Над сто поранешни студенти на Правниот факултет, а сега веќе носители на политички функции, истакнати адвокати, нотари и извршители, успешни менаџери во приватниот сектор, се собраа на оваа забава за несебично да ја дадат својата поддршка во унапредување на условите за студирањето на сегашните и идни студенти, но и да се навратат на безгрижните студентски денови.

„Еуролинк осигурување“ како истакнат поддржувач на образованието ја даде својата поддршка со 900.000 денари, додека претседателот на Надзорниот одбор на „Еуролинк осигурување“,Олга Костовска, лично донира 300.000 денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Над 1 милион евра е премијата на Лото 7 на Државна лотарија, највисока сума што може да се освои во земјава

Редакција

Неверојатната распродажба на првиот ден од Garage Sale во Рамстор Мол

Редакција

Високи оценки за девет премиум вина на „Tikveš Châteaux & Domaines”

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница