еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК

Според Еуростат во Македонија просечниот работен век на работниците е 32 години

Очекуваниот просечен работен век во Македонија изнесува 32 години, покажуваат податоците од анализите на Еуростат.

Индикаторот за должината на работниот век, според Еуростат, покажува колку едно лице кое е во моментов 15-годишно, ќе биде активно на пазарот на труд за време на неговиот живот.

Сличен работен век имаат нашите соседни земји. Во Грција тој изнесува 33 години, исто колку и во Бугарија. Исто толкав работен век имаат во Романија. Најкус просечен работен век има во Турција 29 години, а најдолг во Исланд 47 години.

Во земјите членки на Европската унија, пак, просечниот работен век е 36 години, и тоа од 32 години во Италија, до 42 во Шведска.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нема конкретен рок за преговори со Македонија, порача францускиот амбасадор Бомгартнер

Редакција

Ветото од Бугарија останува, нема старт на преговорите со Македонија

Редакција

Македонија не е единствена која се соочила со застој во ЕУ интеграциите – Велика Британија, Словенија и Хрватска се соочија со вета, некои го менуваа и уставот!

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница