еМагазин
Image default
Бизнис

Еуросупер БС-95 поскапува за половина денар по литар, цената на останатите горива останува иста

Бензинот еуросупер БС-95 од ноќеска на полноќ поскапува за половина денар по литар, а цената на останатите горива останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Со оваа одлука се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,21 отсто.

Новата малопродажна цена на еуросупер БС-95 изнесува 61 денар за литар, а еуросупер БС 98 и понатаму ќе се продава за 62,5, еуродизел (Д-Е V) за 53, а екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 52,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,062 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 28,763 денари.

Како причина за промената на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на светскиот пазар кај бензинот во просек за околу 2,036 отсто, како и  за 0,354 отсто понискиот курс на доларот во однос на денарот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Новo од „Тиквеш“: Шприцер во лименка

Редакција

Атанасов: Убаво што невработеноста паднала, а кој ќе каже колку се иселиле?

Редакција

Пошта на Северна Македонија го доби тендерот на Јавното обвинителство за поштенски услуги вреден 102.000 евра

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница