еМагазин
Image default
ЧИСТА ОКОЛИНА

(ВИДЕО) ЕВН е австриски лидер на GreenTech во Северна Македонија

По повод конференцијата на Обединети нации (ОН)  за климатски промени која ќе се одржи во Глазгов, Advantage Austria ја истакнува Австрија како лидер на GreenTech.

„Австриските компании се активни ширум светот во изнаоѓање на одржливи и прифатливи технологии за климата.

Бидејќи Северна Македонија се стреми кон декарбонизација на енергетскиот сектор, би сакале да ги претставиме инвестициите во обновливите извори на енергија од страна на ЕВН Македонија.

ЕВН Македонија е компанија за дистрибуција на електрична енергија во Северна Македонија кое снабдува повеќе од 700.000 домаќинства и половина од деловните корисници.

Покрај тоа, ЕВН произведува и електрична енергија целосно од обновливи извори со 11 хидроцентрали и 3 соларни централи.

Првата од овие фотоволтаични централи стапи во употреба пред една година и е со инсталирана моќност од 1,5 MW и годишното производство е 2 GWh, што е еквивалент на годишната потрошувачка на околу 300 домаќинства.

Како проект, тој е уникатен од технолошки аспект, бидејќи ЕВН за прв пат воведе употреба на двострани панели во Северна Македонија. Резултатот е поголема ефикасност во износ од 10-20% поголемо производство на енергија,“ велат од Advantage Austria.

Подолу можете да го погледнете видеото во кое ЕВН е австриски лидер на GreenTech во Северна Македонија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Глоба од 50.000 евра за САСА и 15.000 евра за одговорното лице по истекот на јаловиштето

Редакција

Над 186 тони отпад собрани во Генералка викенд 2022, организирана од Пивара Скопје, „Мен енд маунтен“ и Пaкомак

Редакција

Пластичните ќеси од денеска нема да бидат достапни на локациите на „Макпетрол“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница