еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

ЕВН Македонија доби награда за добри практики во областа „Безбедност и здравје при работа”

ЕВН Македонија доби награда за добри практики во областа „Безбедност и здравје при работа во 2021 година”, информираат од таму.

Компанијата го освои првото место во категоријата „Административни дејности“ за успешното справување со Коронавирусот и заштитата на вработените во услови на пандемија, како и спроведување на хуманитарна акција за крводарителство.

Наградени беа иницијативите на ЕВН за организирање на вакцинација за заинтересираните вработени, редовните антиген тестирања на невакцинираните вработени и вработените кои работат на клучни позиции за одржување на дистрибутивната мрежа на државно ниво. Наградена беше и крводарителската акција која се спроведе во просториите на ЕВН Македонија во соработка со Црвен крст.

Доделувањето на наградите се организираше по повод Светскиот ден за безбедност и здравје при работа – 28 aприл. Награди добија најдобрите правни субјекти кои во 2021 година реално и стручно придонеле во сопствениот развој, инвестирајќи и имплеметирајќи добри практики во безбедни и здрави работни места.

Организатор на овој настан е Министерството за труд и социјална политика, а наградите заеднички ги доделуваат Здружението за инженери за заштита „ТУТЕЛА’’– Скопје, Здружението за заштита при работа на општина Битола – Битола и Здружението за безбедност при работа „28ми Април” – Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во продажба првите 100 билети по поевтина цена за конференцијата за е-трговија

Редакција

(Фото) Суптилна заводливост и колоритот на Африка – модна ревија на Lisca за пролет/лето 2020

Редакција

Училиштето „Нова“ е добитник на награда за развој на претприемништво во Средна и Југоисточна Европа

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница